Македонија

Таравари би коалицирал и со ДУИ, и со „Вреди“, само да не победел Македонец?!

Лидерот на делот од Алијансата за Албанците што неодамна ја напушти владината коалиција, Арбен Таравари, за претстојните локални избори најави здружување и со ДУИ, и со „Вреди“, само да не победел Македонец во општините кадешто ќе се кршат копјата меѓу кандидатите на мнозинскиот народ и на најголемото малцинство, како на минатите избори во Кичево. „Во […]

Лидерот на делот од Алијансата за Албанците што неодамна ја напушти владината коалиција, Арбен Таравари, за претстојните локални избори најави здружување и со ДУИ, и со „Вреди“, само да не победел Македонец во општините кадешто ќе се кршат копјата меѓу кандидатите на мнозинскиот народ и на најголемото малцинство, како на минатите избори во Кичево.

„Во одредени општини, да бидеме искрени, можеби ќе има соработка ‘Влен’ – ДУИ – Алијанса за Албанците. На пример, Кичево. Кичево е типичен пример кадешто, за жал, ќе излезе на крајот да се гласа за Македонец или за Албанец, иако јас не би посакал така да биде на изборите, туку да се гласа за кандидат. И за одредени други општини може да има соработка Алијанса – ДУИ – ‘Влен’. Мислам дека сè уште перцепцијата е дека не успеавме во Македонија да направиме општество во коешто сите граѓани ќе ја избираат секогаш најдобрата личност којашто може да раководи со конкретна општина. Сè уште, за жал, сме сегрегирани, што на мене лично тоа не ми се допаѓа, меѓутоа тоа е реалноста во Македонија. Така што во некои општини, во зависност од етничката конфигурација, ќе има соработка со различни партии“, објасни во „Тема на денот“ на Сител ТВ донеодамнешниот министер за здравство и ексградоначалник на Гостивар благодарејќи и на гласовите на Македонци (против кандидатот на ДУИ).

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top