Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Централниот Совет на Македонците во Германија најостро ги отфрла изјавите на грчкиот пратеник Андреас Ворилас дадени во грчкиот парламент.

Насочените напади кон македонското здружение „Илинден“ во Латцен (регион Хановер), кое е член на Централниот Совет, како и кон неговото училиште по мајчин јазик, претставуваат неоснована дискредитација и обид за заплашување на македонската заедница.

Недозволиво е во 21 век, во рамките на Европската Унија, сè уште да постојат политички изјави кои го негираат постоењето на еден народ, неговиот јазик и културен идентитет. Ваквите ставови не претставуваат легитимен политички дискурс, туку израз на застарени и спротивни на европските вредности политики, се вели во реакцијата.

Централниот Совет јасно истакнува: македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави.

,,Особено остро се спротивставуваме на секој обид за дискредитација на образовната работа. Правото на нашите деца да го учат мајчиниот јазик и да го негуваат својот културен идентитет е основно човеково право и не смее да биде предмет на политички притисоци.

Воедно потсетуваме дека слични обиди во минатото немаа успех пред германските судови. Германскиот правен систем ја гарантира слободата на културно изразување и не дозволува негова злоупотреба за политички цели насочени против малцинства.

Сепак, овие случувања ги сфаќаме сериозно. Ваквите изјави не се насочени само кон поединечни здруженија, туку претставуваат закана за соживотот и културната разновидност во Европа”, се вели во реакцијата на Македонците во Германија.

Централниот Совет на Македонците во Германија ќе продолжи решително да се спротивставува на секоја форма на негирање, дискриминација и заплашување – политички, правно и општествено.

Нашата порака е јасна велат од ЦСМГ:
Македонскиот идентитет не е предмет на преговори. Нашиот јазик, култура и наследство се наши – и ќе ги чуваме и браниме со гордост.

Во Атина се уште има луѓе што бараат забрана на македонските етнички симболи во Македонија, Германија и светот

Поврзана вест

Грчки пратеник бара Атина да реагира за Македонци во Германија

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top