Македонија

Уапсен 27-годишник од Скопје за „бизнис“ со детска порнографија

Тој е осомничен дека сторил кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“

 

Вчера, Секторот за сајбер криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Скопско против Ф.М. (27) од Скопско, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.

„По добиени информации од полицијата во Германија за истрага за сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјали за сексуална злоупотреба на деца, како и фактот дека станува збор за профил на апликацијата „Телеграм“, со телефонски број и IP адреса од Република Македонија, Секторот за сајбер криминал при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности за собирање докази, а по идентификување на корисникот, на 20.08.2025 година, по добиена Наредба од Основниот кривичен суд во Скопско за претрес на куќа и помошни простории, Наредба за претрес на компјутерски систем и компјутерски податоци и Наредба за одземање на привремени компјутерски податоци, полицијата од Секторот за сајбер криминал изврши рација во куќата на Ф.М. (27), при што беа пронајдени и одземени предмети за понатамошна постапка.

Ф.М. беше приведен. во Полициската станица Гази Баба и Јавниот обвинител е известен за понатамошни постапки“, се вели во соопштението на МВР.

Најнови вести од: Македонија

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

To top