Македонија

Уапсени се тројца бугари со полно комбе македонски носии

Во Демир Хисар вчера напладне се уапсени тројца државјани на Бугарија под сомнение за кражба и нелегално изнесување на предмети од македонското културно наследство.

Во Демир Хисар вчера напладне се уапсени тројца државјани на Бугарија под сомнение за кражба и нелегално изнесување на предмети од македонското културно наследство.

Околу 11:50 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“, полициски службеници од ОВР Демир Хисар привеле А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50). Првите двајца биле во патнички „фолксваген голф“ со бугарски регистарски ознаки, додека третиот управувал комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски таблици.

При прегледот на возилата пронајдена е поголема количина делови од традиционални македонски народни носии – везени елеци, појаси, накит и други елементи. Осомничените не можеле да обезбедат никаков доказ за потеклото на предметите.

Етнолог од Народниот музеј во Битола извршил стручна проценка и категорично утврдил дека станува збор за оригинални делови од македонски народни носии од XIX и почетокот на XX век, кои спаѓаат во категоријата културно наследство со посебен режим на заштита. Таквите предмети се забранети за промет и изнесување во странство без дозвола од Министерството за култура.

Тројцата Бугари се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавниот обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 262 и член 267 од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top