Македонија

УЈП „ги чешла“ приливите на средства од странство

Управата за јавни приходи испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство

Управата за јавни приходи (УЈП) започна системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата за Фокус ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година.

Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

 

Најнови вести од: Македонија

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top