Македонија

Уште еден збор од устата на ДУИ и ќе се знае кој и што го молел Мицкоски

Ја нуделе и една од топ трите државни функции само за да останат во владата

Уште еден збор од устата на ДУИ и ќе се знае кој и за што го молел Мицкоски, предупредува лидерот на ДПА Мендух Тачи во интервју за ТВ21.

Тачи во изјавата за ДУИ вели дека ако Мала Речица продолжи да манипулира, ќе каже за сѐ што Ахмети и неговите луѓе го молеле Мицкоски.

Тој вели дека ДУИ била согласна да влезе во владата на Мицкоски дури и без спикер на парламентот.

https://www.facebook.com/watch/?v=1961810747947552&surface_type=vod&referral_source=vod_newsfeed_unit

Тачи сега се кае што влегол во Европскиот фронт затоа што ДУИ не си го одржувале зборот и се нечесни.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека го почитува Мицкоски затоа што им дал збор на ВЛЕН и го одржал, и не го зел Ахмети во Влада

Според Тачи Ахмети ќе доживее пораз на изборите, и потоа ќе се освести.

Целото интервју со Тачи

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top