Македонија

Успешен пробив на петнаесеттиот тунел: Клучен чекор кон целосно поврзување на железничкиот Коридор 8 со Бугарија

Проектот сериозно се работи со цел целосно поврзување со регионот

Директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, соопшти дека изутринава е успешно пробиен последниот (15-тиот) тунел од вкупно 15 на вториот дел од изградбата на железничката пруга кон Бугарија (делницата Бељаковце – Крива Паланка).

Пробивањето на тунелите претставува една од најспецифичните и најсложени градежни активности на проектот.

Со ова, најтешките сегменти се надминати, а Ивановски истакна дека иако моменталниот прогрес кај изведувачот не е целосно според очекувањата, се очекуваат месеци со поинтензивна оперативна активност и видлив напредок на терен.

Коридор 8 е од стратешко значење за Република Македонија, како и за НАТО, бидејќи овозможува поврзување на Јадранското со Црното Море преку модерна железничка инфраструктура.

Проектот сериозно се работи со цел целосно поврзување во регионот.

Ова е значаен чекор кон реализација на еден од клучните инфраструктурни проекти во земјата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top