Македонија

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици поради разрешената судијка Дуковска

Уставниот суд донесе одлука да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, бидејќи судијката Елизабета Дуковска беше известител на овој предмет. Дополнително, Судот донел заклучок дека постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав. Управниот суд ја поништи одлуката […]

Уставниот суд донесе одлука да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, бидејќи судијката Елизабета Дуковска беше известител на овој предмет.

Дополнително, Судот донел заклучок дека постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав.

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судијка на Уставниот суд, оценувајќи дека постапката за нејзиниот избор била спроведена спротивно на законските критериуми и принципите на еднаквост и транспарентност.

Уставниот суд воедно потсети дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни и нема да ги преиспитува по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата.

Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top