Македонија

Утре без струја дел од Тетово и повеќе тетовски села

Поради надојдените реки и поплавите

Screenshot

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (17.02.2026) дел од Тетово и неколку тетовски села ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.

Во Тетово, прекин на струјата ќе има од 08:50 до 14:00 часот во објектите на Стар ЗИК – ладилник и ЗИК Млекара.

Во село Лешок, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од објектите кои се наоѓаат на влезот во селото, над маркетот „Кипер“.

Во село Теарце, од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе има кај објектите во близина на реката, а дополнителен прекин е најавен од 09:30 до 14:00 часот.

Во село Доброште, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите што се наоѓаат над новата џамија.

Во село Желино, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од објектите од центарот кон Горната џамија.

Во село Брезно, прекинот е најавен од 09:30 до 14:00 часот.

Надлежните апелираат до граѓаните и правните субјекти навремено да ги прилагодат своите обврски и активности согласно најавените прекини. Електроснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на планираните интервенции.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top