Хроника

Велешанка (43) остана без 16.592 денари по лажна смс порака за наводен сообраќаен прекршок!

Измамената пријави во СВР Велес дека ѝ се одземени 16.592 денари од сметката, откако платила по добиена лажна смс порака за наводен сообраќаен прекршок.

Според информациите од полицијата, на 5 мај 2026 година таа добила порака во која било наведено дека треба да плати казна за сторен сообраќаен прекршок. Во пораката имало линк до веб-страница со насоки за плаќање, а било наведено и дека доколку ги следи упатствата ќе може да плати само половина од износот на казната.

Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добивала известувања за неуспешно плаќање. Подоцна забележала дека од нејзината сметка биле повлечени 16.592 денари.

Случајот бил пријавен на 7 мај во 16:00 часот во СВР Велес, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.


Најнови вести од: Хроника

Крадецот се обиде вчера да влезе насилно во храмот „Свети Вмч.Георгиј“ во Кочани, ама при бегање заглави на оградата! – Го вадеа полицајците!

Вчеравечер во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани бил направен обид за кражба. Притоа сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект, но не успеал. по неуспешниот обид за разбивање на вратата крадецот се обидел да избега, но се заглавилна оградата околу храмот! Ова го објави Радио Кочани..

Најнови вести

To top