Македонија

Велосипедска тура во спомен на настраданите во трагедијата во Кочани

Над 500 пријавени учесници ќе возат во чест на 63 загинати и 193 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“

Во рамките на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани денеска со почеток во 10:30 часот ќе стартува велосипедската тура во спомен на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година, кој одзеде 63 млади животи, а 193 лица беа повредени.

Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагедијата, по што турата ќе заврши повторно во Паркот на Револуцијата.

Пријавени се околу 500 велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин ќе оддадат почит и ќе испратат порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Пред почетокот на велосипедската тура присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top