Македонија

(Видео): 2600 нови контејнери и 40 камиони за „Комунална хигиена“, најави Ѓорѓиевски

Веќе сме во финална фаза на избор на оператор кој треба да обезбеди 2600 нови контејнери за градот Скопје кои во наредниот период ќе ги покријат потребите кои не беа покриени години наназад, но и ќе го сменат и ликот во централното градско подрачје, каде знаете дека има контејнери на кои не им е местото таму. Скопје е град во кој што живеат над 600.000 жители, а ние имаме и голема бројка на туристи кои доаѓаат.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во НАТКАСТ открива каква состојба затекнал – три плати немаа земено вработените во „Комунална хигиена“, како во некои претпријатија немаа земено и по 4 плати, 16 функционални камиони и ниту еден контејнер оставен вишок за да може да го промениме на одредена микро локација. Вели дека во Скопје проблемот е од два аспекти.

  • Првиот аспект на проблемот беше предизвикан поради немање на механизација, 16 камиони имавме функционални, а вториот аспект затоа што на микро локација каде треба да имате по 6 контејнери, сега има по еден или по два, најмногу по три контејнери. Што значи дека и граѓаните се приморани надвор од контејнерите да го одлагаат отпадот. Веќе сме во финална фаза на избор на  оператор кој треба да обезбеди 2600 нови контејнери за градот Скопје кои во наредниот период ќе ги покријат потребите кои не беа покриени години наназад, но и ќе го сменат и ликот во централното градско подрачје, каде знаете дека има контејнери на кои не им е местото таму. Скопје е град во кој што живеат над 600.000 жители, а ние имаме и голема бројка на туристи кои доаѓаат. Грда е сликата која  ја оставаме и преку тие микро локации каде се поставени контејнерите, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека има потпишан договор и за нови 40-тина камиони за „Комунална хигиена“. Повеќе детали погледнете во видео интервјуто во продолжение.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top