Македонија

(Видео): Жена е убиена поради институционални слабости – понорот се полни со човечки животи, рече Битиќи

Во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени. Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница се осврна на трагедиите поврзани со родовото базирано насилство како последица на институционални слабости и вредносна криза во општеството.

  • „Со оглед на тоа што е Осми март, за жал не можам да започнам со честитка. Оваа седница се случува три дена по трагедијата која ја потресе нашата татковина и нè исполни со горчина. Ужас во кој, поради непрекината низа од институционални слабости, згаснаа два животи, мајка и малолетна ќерка. Кога институциите не ги полниме со политички вредности, ние го држиме отворен понорот во општеството и тој понор не останува празен. Го полниме со човечки животи, со човечка крв, а потоа се обидуваме да го измиеме со солзите на нечии родители, ќерки и синови“, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека општеството мора јасно да го именува злото и да се спротивстави на родово базираното насилство.

  • „Кога жена е убиена поради родово базирано насилство, тоа е фемицид. И ако не умееме да го препознаеме, спречиме и санкционираме, тогаш понорот што го држиме отворен не е случајност, туку последица на нашата вредносна пустина. Ќе се запрашате зошто. Затоа што, функционираме како држава на ’алфа-мажјак, арбитрарна и репресивна, исполнета со политички елити кои својата одговорност ја врзуваат за дискриминацијата и понижувањето, што ја претвора силата во понижување, а различноста во причина за дискриминација.“, рече Битиќи.

Тој предупреди дека во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени. Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

  • „Тоа значи дека илјадници девојки влегуваат во животот со однапред поставена пречка, не затоа што се помалку способни, туку затоа што системот им нуди помалку шанси. Мажите заработуваат повеќе од жените за околу 12,8 проценти, односно трудот на жената се вреднува помалку, а државата го толерира тоа“, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека економската нееднаквост не може да се надмине без политичка еманципација и вистинска поделба на општествената моќ.

  • „Економијата не ја сочинуваат единствено бројки. Во прашање е и моќ. Изборот пред кој стоиме е дали таа ќе се узурпира или ќе се дели. Трета можност не постои. Држава која не ја штити жената, не ја штити ни демократијата“, истакна Битиќи.

Говорот го заврши со пораката на активистката за човекови права Одри Лорд: „Не сум слободна додека било која жена не е слободна.“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top