Македонија

Влада: На 070 355 526 помош и барања за и од повредените од Кочани

Нова телефонска линија, 070 355 526, преку која повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства ќе можат директно да ги изнесат своите барања и потреби., од понеделник воспоставува Владата. „Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, која ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства. Оваа линија нема да биде […]

Нова телефонска линија, 070 355 526, преку која повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства ќе можат директно да ги изнесат своите барања и потреби., од понеделник воспоставува Владата.

„Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, која ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства. Оваа линија нема да биде само контакт, туку жив канал на комуникација преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање и со персонализиран пристап за секој случај“, изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Во првата фаза, како што кажа таа, се повикуваат сите засегнати да се јават и да ги изнесат своите предлози и потреби. Целта е барањата да се соберат, сублимираат и веднаш да се проследат до надлежните институции за нивно решавање во најкус можен рок.

Митева вели дека оваа иницијатива е резултат на директната комуникација на терен на работната група за евалуација на состојбата на повредените.

„Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни“, рече Митева, додавајќи дека поддршката не треба да биде еднократна, туку континуиран процес.

Таа додаде дека Владата ја разгледува и можноста за отворање на канцеларија во Кочани или подобрување на условите во локалната болница, со цел повредените да не мораат за сите интервенции да патуваат во Скопје.

„Ова е тема на дискусија во рамките на Владата и е резултат на информациите од работната група. Наскоро ќе објавиме и план како сето ова треба да се реши“, најави Митева.

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.СДК

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top