Македонија

Владата со засилено темпо ја спроведува реформската агенда, до јануари се очекува реализирање 8 од 12 клучни чекори

Тој истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, се доцни со дел од реформските чекори во реализацијата: околу 12 чекори требало да бидат завршени до овој момент

Премиерот Мицкоски информираше дека на последната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет  Антонио Кошта биле анализирани реформските чекори. При тоа премиерот Мицкоки изразил уверување дека најмалку осум од дванаесетте чекори ќе бидат реализирани до средината на јануари. По засилената работа, како што рече, Владата очекува да реализира 10 од 12 чекори, додека за двата, кои нема да бидат реализирани, ќе биде дадено јасно и транспарентно објаснување пред македонската јавност.

„Законот за енергетика е донесен и усогласен со Канцеларијата на Европската комисија. Но според оценката на Комисијата, тој не се смета како целосно завршен, поради неизработени подзаконски акти и незавршен маркет-каплинг, кои зависат од процеси на ниво на Европската Унија. Ставот на Владата е дека законот е донесен и оти за овие обврски треба да се утврди нов рок до декември 2026 година.“ – додаде Мицкоски.

„Како втор чекор беше посочена реконструкцијата на објекти во државна сопственост со примена на мерки за енергетска ефикасност, со јасен план за опфат од 3% на годишно ниво во следните три години. Приоритетите се веќе утврдени, формиран е надзорен комитет, а на следната владина седница Министерството за енергетика и Министерството за финансии ќе бидат задолжени да обезбедат финансиски средства, по што овој чекор ќе се смета за завршен пред Нова година.

Третиот чекор, што е во енергетиката, е во однос на либерализација на пазарот на електрична енергија за граѓаните: весно рековме дека нема да го исполниме. Ако ова се случи и ако не продолжиме да ја субвенционираме електричната енергија, граѓаните ќе добијат сметки за електрична енергија од 50-70 отсто поскапа сметка од сегашната. Рековме дека свесно нема да го спроведеме.“ – иистакна премиерот Мицкоски.

Во однос на усогласувањето на Изборниот законик согласно со препораките на ОБСЕ/ОДИХР од изборите во 2024 година, беше најавено дека Министерството за правда, заедно со пратеничките групи, ќе подготви соодветен документ, по што ќе следи политички дијалог. Донесувањето на измените се очекува по завршувањето на дополнителните избори, по средината на јануари. Околу чекорите за правосудството и измените на законите, премиерот Мицкоски истакна: „За чекорите, кои се однесуваат за правда, за законот за судски совет, законот е изготвен и е одобрен од Венецијанската комисија. Во собраниска процедура е и очекувам на почетокот на следната година да биде изгласан“.

Во секторот транспорт тој посочи дека е изработен план за реструктуирање на двете државни железнички компании – МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт, во соработка со експерт од Европската Унија. Планот е доставен до Европската комисија и по добивањето на одговорот ќе биде ставен на разгледување и усвојување на владина седница, со што овој чекор ќе се смета како завршен.

Во оптимизацијата и дигитализацијата на јавните услуги, премиерот истакна дека Катастарот ги завршил сите предвидени чекори, МАЛМЕД реализирал 9 од 19, додека останатите институции, вклучително и Министерството за економија и труд, засилено работат на исполнување на обврските. Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата и институциите продолжуваат со засилено темпо на работа, при што голем дел од чекорите се веќе реализирани или се во завршна фаза, а средствата постепено се ослободуваат. Од април, како што истакна, државата ќе влезе во целосен реформски колосек како ниедна друга земја од Западниот Балкан, со навремено и доследно исполнување на обврските. Едновремено беше најавена и засилена работа на планот „роаминг како дома“, со цел македонските граѓани да користат мобилни услуги без дополнителни роаминг-трошоци.

Нетпрес

 

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top