Македонија

Владините партнери имаат стабилно мнозинство во новиот Совет на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, коалициски партнери во владата, обезбедија мнозинство во новиот Совет на Град Скопје, располагајќи со вкупно 24 советници од 45-члениот состав.

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, коалициски партнери во владата, обезбедија мнозинство во новиот Совет на Град Скопје, располагајќи со вкупно 24 советници од 45-члениот состав. ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а ВЛЕН шест, што им овозможува стабилна контрола врз одлучувањето во градот. Дополнително, еден советник доаѓа од движењето ЗНАМ, со што владејачката коалиција е во силна позиција за управување со Скопје.

На изборите, ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови – 35,15% или 81.649 гласови. Левица се пласираше втора со 11,83% (27.479 гласови) и шест мандати. Коалицијата ВЛЕН освои 11,77% од гласовите, исто така обезбедувајќи шест мандати, додека коалицијата НАИ на ДУИ освои 11,64% од гласовите, исто со шест мандати. СДСМ заврши на петтото место со 10,59% од гласовите и пет советнички места.

По еден мандат освоија Ристо Пенов од коалицијата „Искуство за успех“, Горанчо Котески од ЗНАМ, Јана Белчева-Андреевска од граѓанската листа „Независни заедно“ и Марјан Калевски од „Зелен хуман град“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top