Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Улогата на Спасовски во заштитата на газдата на „Пулс“

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расветлување дали поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лично интервенирал во Секториот за внатрешни работи (СВР) во Штип за да се изврши притисок врз полициските структури во Кочани, со цел да се заштити сопственикот на дискотеката „Пулс“, чие нелегално работење е поврзано со неодамнешната трагедија во Кочани.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно расветлување дали поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лично интервенирал во Секториот за внатрешни работи (СВР) во Штип за да се изврши притисок врз полициските структури во Кочани, со цел да се заштити сопственикот на дискотеката „Пулс“, чие нелегално работење е поврзано со неодамнешната трагедија во Кочани.

Според партијата, објавените информации во медиумите фрлаат тешки сомнежи за вмешување на врвот на СДСМ во случајот, што укажува на системска заштита на блиски бизниси преку институциите.

Во соопштението се цитира телефонски разговор од 17 февруари 2022 година, во кој Михаил Јованов, синот на сопственикот Дејан Јованов, се пофалил пред лице по име Бојана дека „Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“. Во истиот разговор се споменува казна од 40.000 евра од Управа за Јавни Приходи (УЈП), која наводно требало да се „среди“ преку политичка интервенција. Наместо да се спроведува законот, полицијата била под притисок „да не досадува“. „И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде… кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“, завршува Михаил во разговорите. Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува сериозно обвинување за злоупотреба на функција, влијание врз институциите и партиска заштита на блиски бизниси.

Партијата прашува дали Јавното обвинителство (ЈО) покренало постапка по овие наводи. „Дали Оливер Спасовски бил повикан на разговор и која е неговата улога во заштитата на газдата на дискотеката „Пулс“ и работата на дискотеката? Дали е извршена контрола во СВР Штип и ОВР Кочани? Дали Коцевски работи според закон или по нарачка на СДСМ? Коцевски и ЈО да не молчат. Доколку не е постапено, тоа значи дека Обвинителството свесно го прикрива скандалот и штити моќници“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на осетливоста на случајот, поврзан со пожарот во „Пулс“ во кој загинаа повеќе лица, партијата бара транспарентност од ЈО и државниот обвинител Љупчо Коцевски, нагласувајќи дека молчењето само ја зајакнува сомнежот за прикривање.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top