Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Кловновите од СДС не ќе можат да избегаат од одговорноста за сите кражби и злодела, што ги сторија!

ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на СДС е на ниво на состојба, која е надвор од сферата на политиката, а повеќе во сферата на душевното здравје на авторите, кои од ноторни криминалци се прават жилави луѓе и жртви.

Владејачката македонска партија во своето соопштение наведува: На народот соопштението на СДС не му смешно, ниту интересно, затоа што токму тој народ е ограбен и злоупотребена е неговата доверба од страна на паланечки интриганти и крадци, кои ја користеа политиката за свои цели. Сеега нивните платеници раскажуваат вакви неинвентивни вицови и сметаат дека којзнае што кажале. Тој ментален склоп и тој систем, што го имаат тие создадено, е гнилежот на македонското општество. Колку и да глумат кловнови со вакви соопштенија (жалиме за говорот, но посоодветен термин не можеме да најдеме), сепак нема да може да избегаат од својата одговорност за сите свои злодела.

Убедени сме дека оваа реакција ја пишувал лично Зоран Заев, или некој, кој им е на платен список и сака да им испадне интересен и се приспособува на нивниот систем на вредности и хумор, кој е разбирлив само за одредена категорија на луѓе. Но и друг да ја пишувал реакцијата убедени сме дека ја одобрил директно Зоран Заев. Филипче не го ни прашале за реакцијава. Ова е трагедијата на македонското општество. Трагедија, која со работа и посветеност ќе ја решиме и претвориме во шанса и надеж. – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top