Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога не е на власт ДУИ вреска дека „нема правда“

Кога нема пари и функции, Османи и Ахмети, почнуваат да се кријат зад етничкото знаме

Кога ДУИ не може да краде и кога конечно мора да одговара за криминалот, тогаш започнува врескањето: „нема правда за сите“, „загрозени се меѓуетничките односи“, „Албанците се на удар“.

Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат „заштитници на Албанците“ и „бранители на меѓуетничките односи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во превод: кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме.

Но вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност.

Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле.

И како и секогаш, прибегнуваат кон истата испробана тактика која ја практикуваат од своето постоење: ако сакаш да го заштитиш криминалот, стани националист и зборувај за национални теми, мислејќи дека ќе ја дефокусираат јавноста од злото кое му го направија на народот и на Македонија.

Граѓаните, и Македонци и Албанци, одамна ја препознаа оваа игра.

Албанците не се загрозени, загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ.

Албанците не губат ништо, напротив, добиваат можност конечно да живеат во држава каде што владее ред, правда и закон, каде што ќе се вреднува трудот, а не партиската книшка.

ДУИ денес се плаши дека е најден лек против нивното метастазирање во системот. Лекот е најден и сега следува терапијата“.

Од владејачката партија порачуваат дека времето на двојни стандарди заврши.

„ДУИ мора да се соочи со одговорност, да се реформира и да покаже дека се променети, ако сакаат да докажат дека ја сфатиле пораката на граѓаните.

Албанците не се ваш штит кој ќе ве спаси од одговорност.

Албанците не се ваше алиби за криминал.

Албанците не се изговор за вашите тендери, провизии и лични богатства.

Албанците заслужуваат правда исто како и Македонците и секој друг граѓанин на оваа држава.

Сè што им останува на ДУИ денес е пактот со Заев и Филипче, кои ги држат во шах со нешто скриено во некоја фиока и мислат дека така ќе се вратат во игра. Но ќе се уверат дека нема да им успее.

Народот е мудар и нема да дозволи враќање назад.

Народот веќе им ја затвори вратата, а правдата ќе им почука на истата таа врата, за секој криминал, за секоја злоупотреба, за секој потег со кој Македонија беше ограбена и осиромашена.

Вашето време заврши“ се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top