Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Левица не гласаше за градба на улици, паркови, булевари

Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица

Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица. Левица денес во Советот на град Скопје не гласаше за новиот ребаланс на буџет со кој се инвестира во нови паркови, булевари, улици и мерки за почист воздух, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа:

-Изградба на парк Христијан Тодоровски Карпош

-Изградба на парк Лепенец

-Започнување со изградба на 50 мини паркови

-Реконструкција на улица Фрањо Клуз

-Кружен тек во Ѓорче Петров

-3та лента на Булевар Александар Македонски

-Булевар Хрватска

-Булевар Асном

-Клучката кај Момин Поток

Покрај овие проекти се обезбедуваат и средства за изработка на проекти за повеќе улици меѓу кои се Шарпланинска, Бутелска, Радишанска, Кружен тек кај Тобако 2 и други.

Блокадите и кочењата се одлика на Левица. Тие треба да објаснат зошто работат на штета на скопјани, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top