Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Венко Филипче прати социјалдемократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку e лажно загрижен за работничките права и работниците. По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните.

Филипче потврди дека реториката од типот „се грижиме за граѓаните и работничките права“ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДС и Филипче. Дека СДС и Венко Филипче не се доследни и немаат стартегија и план за сопствената партија и државата, говори и фактот што Филипче упорно се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат додека нема црвени линии и е подготвен на секакви отстапки, само за да дојде на власт.

СДС и Филипче се без концепт. Филипче тоне во сервилност без крај исто како и неговиот ментор Заев и е подготвен да ги распродаде националните интереси само да ја зачува фотелјата на Бихаќка. СДС и Филипче само декларативно се залагаат за Европа, додека во пракса водат политика според околностите и личните користољубиви цели на кланот Заеви и Венко Филипче.

За таа цел Филипче е подготвен на сѐ, па затоа извртува изјави на европски пратеници вклучително и на Томас Вајц, кој јавно го демантираше. Филипче шири лаги за блокирани ИПАРД средства во обид да ги манипулира земјоделците и повторно беше јавно демантиран, бидејќи средствата им се на располагање на земјоделците. СДС и Филипче ниту се однесуваат, ниту дејствуваат проевропски. Декларативно се повикуваат на Европа додека се опкружени со криминалци, го поткопуваат демократскиот систем и работат спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството, посочува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top