Македонија

Во Прилеп свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ по повод 11 октомври – обраќање и на премиерот Мицкоски

Многубројни настани денеска во Република Македонија во рамки на чествувањата на еден од најсветлите историски настани во борбата на македонскиот народ за создавање сопствена македонска држава и за своја национална слобода.

По повод одбележување на 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание на македонскиот народ денеска во Прилеп ќе биде одржана свечена академија под мотото „На вистинската патека, за татковина со иднина“. Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе има обраќање на свечената академија со почеток во 12 часот и 30 минути.

Во рамки на чествувањето на овој светол чин од македонската национална историја во 9 часот во Скопје ќе биде положено цвеќе во Меморијалниот комплекс „Партизанските гробишта“ на градските гробишта во Бутел, во организација на Министерството за одбрана. 

Во Собранието на Република Македонија во 12 часот ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на добитниците за 2025 година.

Во рамки на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание на македонскиот народ ќе биде положено цвеќе и во во Прилеп пред споменикот на Методија Андонов-Ченто (во 10 часот), пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу (во 10 часот и 20 минути), пред споменикот „Жена Борец“ (во 10 часот и 50 минути) и пред Могилата на непобедените (во 11 часот и 25минути).

Исто така, денеска ќе биде положено цвеќе и пред Спомен-костурницата во Куманово во 11 часот.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top