Македонија

Во Скопје денеска како под вршник

До сабота ќе се задржи многу топло време со температури над 40 степени

 

Многу топло време денеска со максимална температура наместа до 43 степени, најавува УХМР.

До сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C.

„Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:
– Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C
– Полошкиот регион од 32 до 38°C
– Пелагонија 38 до 40°C
– Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 43°C“, соопшти УХМР.

Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top