Македонија

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани: Ноќеска на официјалната страница на претседателката објавени имињата на настраданите

До крајот на животот ќе ја помнам сликата од утрото по трагедијата: пред болниците беа родителите и блиските, а внатре започна лекарската битка за животите на нивните деца!

Во знак на сеќавање и почит кон жртвите од трагедијата во Кочани, на 16 март 2026 година на официјалната интернет-страница на претседателката на државата во текот на ноќта, на годишнината од трагедијата беа објавени имињата на сите луѓе кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Со оваа објава претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш оддава почит кон загинатите и изразува солидарност со нивните семејства, потсетувајќи дека споменот за нив ќе остане трајно зачуван.

Во исто време, и на официјалната Фејсбук-страница на претседателката беше објавен и видео-рил посветен на трагедијата.

Објавите се споделени во 2:32 часот, симболично, во времето кога се случи несреќата, како чин на сеќавање и почит кон жртвите.

До крајот на животот ќе ја помнам сликата од утрото по трагедијата: пред болниците беа родителите и блиските, а внатре започна лекарската битка за животите на нивните деца, порачува Сиљановска-Давкова на денот кога Македонија ја претрпе една од најголемите загуби во својата историја.

https://pretsedatel.mk/kocani-16-03-2026/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top