Македонија

Водичот Мишелин за првпат ќе ја опфати цела Турција – Националниот избор за 2027 година на 3 декември

Гастрономската понуда на Турција ги поврзува богатите регионални традиции со современите кулинарски пристапи. Националниот избор на Водичот Мишелин ќе им овозможи на патниците подобро да ги запознаат и рестораните што го негуваат традиционалното наследство, но и оние што внесуваат нови идеи во турската кујна.

Турција ја носи својата кулинарска сцена во центарот на светското внимание. За првпат, Водичот Мишелин ќе ја опфати гастрономската понуда на целата земја, одразувајќи го богатството на локалните кујни, разновидноста на регионалните вкусови и развојот на современата ресторанска индустрија. Националниот избор за 2027 година ќе биде претставен на 3 декември годинава во Истанбул, означувајќи нова фаза во меѓународната видливост на Турција како значајна адреса на светската кулинарска мапа.

Откако во 2022 година пристигна во Истанбул, Водичот Мишелин постепено се прошири и во Измир, Мугла и Кападокија, а сега изборот за прв пат го опфаќа целиот гастрономски простор на Турција. Инспекторите на водичот продолжуваат да откриваат ресторани што ги чуваат долгогодишните кулинарски традиции, но и нови гастрономски адреси што придонесуваат за развојот на современата ресторанска сцена.

Свечената церемонија ќе се одржи во Divan Kuruçeşme во Истанбул, каде што покрај претставувањето на националниот избор за 2027 година, ќе бидат доделени и специјални награди за истакнати професионалци во угостителството, како и за кулинарски таленти. На настанот ќе присуствуваат готвачите чии ресторани ќе бидат вклучени во Водичот, како и оние чии ресторани ќе бидат одликувани со ѕвезди на Мишелин.

Гастрономската понуда на Турција ги поврзува богатите регионални традиции со современите кулинарски пристапи. Националниот избор на Водичот Мишелин ќе им овозможи на патниците подобро да ги запознаат и рестораните што го негуваат традиционалното наследство, но и оние што внесуваат нови идеи во турската кујна.

  • „Уште од нашите први чекори во Туркије, постојано сме импресионирани од извонредното кулинарско богатство на земјата. Од длабоко вкоренетите регионални традиции до современите гастрономски изрази, Туркије нуди извонредна разновидност и креативност. Додека нашите инспектори продолжуваат да патуваат низ земјата, тие со ентузијазам откриваат нови извонредни ресторани и кулинарски таленти. Првиот национален избор на Водичот Мишелин за Туркије ќе ни овозможи да ја прикажеме оваа разновидност и да им понудиме на патниците поширока перспектива за Турција како водечка гастрономска дестинација“, изјави Гвендaл Пуленек, меѓународен директор на Водичот Мишелин.

Рестораните во Водичот Мишелин се оценуваат исклучиво врз основа на квалитетот на кујната, според пет критериуми: квалитетот на состојките, владеењето на техниките за готвење, хармонијата на вкусовите, личниот печат на готвачот и доследноста на квалитетот низ целото мени и со текот на времето. Оценувањето го спроведуваат независни и анонимни инспектори, според иста методологија што се применува во целиот свет. Целосниот избор на Водичот Мишелин за Турција за 2027 година ќе биде достапен веднаш по церемонијата на официјалната веб-страница и во мобилната апликација на водичот.

MICHELIN Guide е создаден во 1900 година од компанијата за производство на гуми Michelin, со цел да го поддржи развојот на автомобилската мобилност. Оттогаш, останува доследен на својата првична мисија, а таа е да ги насочува патниците кон најдобрите ресторани, да ги истакнува извонредните кулинарски дестинации и да ја промовира културата на патување ширум светот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

To top