Македонија

Вработените во „Паркови и зеленило“ уште чекаат септемвриска плата

Иако на средбата со директорот било ветено дека исплатата ќе биде извршена, парите сè уште не се префрлени на сметките на вработените

Независниот синдикат на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопјe информираше дека вработените сè уште не ги добиле платите за месец септември.

Иако на средбата со директорот било ветено дека исплатата ќе биде извршена, парите сè уште не се префрлени на сметките на вработените.

„Вработените нема да се откажат од своите барања, додека синдикатот останува непоколеблив во борбата за достоинствена плата и фер третман. Протестите ќе продолжат и во наредните денови, сè додека не се исполни барем една од зацртаните цели. Вработените предупредуваат дека ќе ги интензивираат своите активности доколку ситуацијата не се реши што е можно поскоро“, се наведува во нивното соопштение.

Синдикатот вели дека ова претставува продолжение на низа одложувања и непочитување на основните права на вработените, вклучувајќи ги неисплатените плати за претходните месеци, јубилејните бонуси, бонусите, К-15 и здравственото осигурување.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top