Македонија

Вработил четворица и им дозволил да не доаѓаат на работа

Фатмир Дехари го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130 000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според наводите на МВР, Дехари во својство на градоначалник од 2021 до 2025 година склучил договори за вработување со четири лица и свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да добиваат плата и надоместоци и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.

„На тој начин, Ф. Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130 000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист, од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело“, наведуваат од МВР.

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top