Македонија

ВРЕДИ: Депониите се наследство од ерата на ДУИ

Лицемерно е по две децении во кои ДУИ ги труеше граѓаните со корупција, денеска да зборува за воздухот во Скопје

преку соопштение за медиумите, ја критикуваше Демократската унија за интеграција, за она што го нарекуваат 20 години корупција.

Од Коалицијата ВРЕДИ велат дека ДУИ денес зборува за загадениот воздух, но во минатото не реагирала на ваквите проблеми.

„ДУИ го уништуваше системот 20 години. Последиците ги трпат сите, за жал најмногу граѓаните. ДУИ, која две децении ги труеше граѓаните со корупција, денес најде храброст да зборува за воздухот во Скопје.
Лицемерието нема граници“ се вели во реакцијата на ВРЕДИ.

„Каде бевте кога Скопско секоја година се појавуваше на листите на најзагадени градови во светот со некои од вашите министри за животна средина?

Каде бевте кога граѓаните протестираа за чист воздух и против нелегалните депонии, додека вие пресметувавте кој колку процент ќе добие од тендерите?

Што се однесува до „лични интереси“ што ги споменува ДУИ, вие, со целата ваша криминализирана клика, за 20 години на власт речиси влеговте во Гинисовата книга на рекорди за корупција и злоупотреба на државни ресурси.

Депониите беа создадени додека вие купувавте трговски центри, нафтени и фотоволтаични бизниси.

Депониите околу Скопје, во Тетово, во Кичево и Струга се наследство од времето на ДУИ“, се вели во соопштението во кое се додава:

„Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, реагираше веднаш, координирано и заедно со сите надлежни органи и институции, вклучувајќи ги и противпожарните служби.

Ситуацијата сега е под контрола и граѓаните се навремено информирани.

Палењето на депониите, без разлика дали во „Дрисла“, во Шуто Оризари или во Трубарево, во пресрет на изборите ја отвора темата за обиди за дестабилизација, за кои предупредувавме и претходно.

Граѓаните добро знаат кој е одговорен за оваа ситуација и на 19 октомври ќе го дадат заслужениот одговор“, реагираа од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

To top