Македонија

ВРЕДИ: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше да го донесе законот кога сакаше, но не го направи тоа. Не затоа што не знаеше, туку затоа што не сакаше“,реагира ВРЕДИ

ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена”, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност.

„Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше да го донесе законот кога сакаше, но не го направи тоа. Не затоа што не знаеше, туку затоа што не сакаше“, се вели воп партиското соопштение на ВРЕДИ.

„Без закон, работните места ги делеа како да се личен подарок од Али Ахмети. Едно работно место – едно семејство како заложник. Ако беше со нив, вратата се отвораше. Ако не беше, остануваше надвор. Токму затоа не им одговараше правичната застапеност да биде право загарантирано со закон.

Сега, кога Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, истата таа ДУИ го блокира. Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат. Нив не ги интересира што добиваат Албанците. За нив е важно само ВЛЕН да не постигне успех.

Кога се на власт, сè им е добро. Кога ќе останат без фотелји, тогаш треба да запре и државата. Но, тој филм повеќе не поминува.

Охридскиот договор не е тапија на Али Ахмети, ниту сопственост на ДУИ, ниту наследство на луѓето што се држат за фотелјите во Мала Речица. Тој е резултат на жртвата на еден цел народ. Правичната застапеност не е партиска милостина, туку право на граѓаните и обврска на државата“ , реагираат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

To top