Македонија

ВРЕДИ: Охридскиот договор за ДУИ беше личен банкомат

Толку е долг списокот на корумпирани членови на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги наполнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно проговори за „ендемска корупција“ и стави печат на корупцијата токму на оние кои денес се удираат во гради за „албанизам“

„Она што започна како чин на национална совест, ДУИ го поништи, претворајќи го во банкомат за лично збогатување. Толку е долг списокот на корумпирани членови на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги наполнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно проговори за „ендемска корупција“ и стави печат на корупцијата токму на оние кои денес се удираат во гради за „албанизам““.

„Колку и да е болно, ова е наследството од нивната моќ. Сопот, Енциклопедија, „Скопје 2014“, „Монстра“, „Храбрата населба“, масовно прислушување, Мал Алмир, „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, „Отворен Балкан“, модуларна болница, казина и коцкање, бегства од правдата, помагање во бегството на Никола Груевски, спасувањето на Сашо Мијалков преку Артан Груби и Енвер Беџети, како и многу други кражби и манипулации“.

„Ова е нивната вистина, која не можат да ја сокријат со документарци, видео пораки или скапо платени панели. Охридскиот договор им припаѓа на Албанците. Тој не е сопственост на Али Ахмети, ниту семејно наследство на фотелјските лакомци на ДУИ“, велат од ВРЕДИ, пренесе Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

To top