Македонија

ВРЕДИ: „Српски свет“ е измислица на интегративците

Вицепремиерот Арбен Фетаи ја разоткри оркестрираната кампања на ДУИ и нејзините медиумски сателити

 

„…Мајсторите на дезинформациите, веќе познати од американските црни листи, повторно шират лажни вести, изразувајќи „загриженост“ поради фактот што Македонска невладина организација не го вклучила албанскиот јазик во анкета посветена на дијаспората“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

Реакцијата на ВРЕДИ доаќа по онвинувањата на ДУИ дека во македонската Влада има инсталации на, како што велат, „Српскиот свет“, кој ги промовираат и брани руските наративи.

„Како и секогаш, овој случај се покажа како класична лажна вест, уште еден блеф од стариот пропаганден репертоар. Анкетата за која станува збор е составена од целосно независно, невладино здружение и нема никаква врска со Владата.
Всушност, спротивно на она што го тврдат професионалните клеветници, анкетата е достапна и на албански јазик.

Вицепремиерот Арбен Фетаи ја разоткри и оркестрираната кампања на ДУИ и нејзините медиумски сателити, кои се обидоа да манипулираат со јавното мислење со уште една обична лага.

Тие се обидуваат по секоја цена да измислуваат вести, бидејќи измислувањето лаги им остана последно средство за добивање политички поени. Но, фактите се јасни и не можат да се поништат со бучава.

Напротив, денес, благодарение на нашата влада, поточно на заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу, за прв пат во Берлин е отворена паралелка за учење на албански јазик за децата од нашата дијаспора, историски чекор што никогаш порано не се случил во минатото. Ова е реалноста што ги боли оние кои со децении го занемаруваа албанскиот јазик, идентитетот и дијаспората.

Ги повикуваме граѓаните да не паѓаат жртви на ниска пропаганда, туку да останат посветени на вистината и вредностите што ги обединуваат.
Клеветата нема да ги прикрие неуспесите. Најдобриот одговор на лагите и блокадите ќе го дадат граѓаните на октомвриските избори, каде што се одлучува за иднината, порачуваат од ВРЕДИ. (Телеграфи)

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top