Македонија

Вреди: Уплавот ги принуди ДУИ да го бранат Артан Груби!

„Од пусти страв да не отвори уста Артан Груби, во ДУИ одлучиле да го бранат. Заборавија дека Бујар Османи во кампањата за Чаир се огради и се извинуваше за неговото поведение, велат од Вреди.

„Арно ама уплавот го поматува разумот. ДУИ нема кредибилитет да зборува за игри на среќа. Во нивно време и со нивни дилови во Македонија беа пренесени коцкарските бизниси од српското подземје. Вреди не ги заборава ветувањата. Сите незаконски договори на Прпарим и Артан за лиценци за онлајн коцкање се укинати. Работиме на нов Закон за игри на среќа со кои бројот на објекти во разумен рок ќе се намали за половина. Ние работиме на системски решенија и за разлика од ДУИ не стануваме ортаци во коцкарската индустрија“, додаваат од Вреди. 

Најнови вести од: Македонија

To top