Македонија

Вреди за скандалот со Дехари: Кичево заслужува подобро

Коалицијата Вреди соопшти дека со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко

Коалицијата Вреди соопшти дека со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, каде што кандидатот на Националната алијанса за интеграција се гледа во ситуации што го деградираат имиџот на институцијата и јавниот морал.

„Ова е само одраз на политичката култура која 20 години ја задушува одговорноста и го крева срамот на ниво на стандард. Не се радуваме на ничиј срам, но имаме обврска јасно да кажеме дека Кичево заслужува подобро. Затоа граѓаните на Кичево, на 19 октомври, имаат можност да зборуваат со еден глас против овој деградиран модел“, се наведува во соопштението од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top