Македонија

Времето се менува, студот доаѓа и во Македонија

Според најновите податоци од УХМР, Македонија оваа недела ќе влезе под влијание на циклонска активност која носи значително променливо и нестабилно време. Во следните денови ќе доминира облачност со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток.

Уживавме, најчесто, во речиси пролетно време месецов но таквите денови завршија. Температурите ќе паѓаат и дење, а особено ноќе што е најава за нов временски циклус.

Според најновите податоци од УХМР, Македонија оваа недела ќе влезе под влијание на циклонска активност која носи значително променливо и нестабилно време. Во следните денови ќе доминира облачност со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток. На планинските подрачја, посебно во повисоките зони, дождот ќе преминува во снег. Од среда ќе има и промена во правецот на ветерот – наместо јужен, ќе дува студен северен ветер, што дополнително ќе ги спушти температурите.

УХМР предупредува граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, особено кон планините, каде што се очекува создавање на нова снежна покривка и потенцијално лизгави патишта. Препорачана е и зголемена претпазливост во урбаните средини поради можни поројни врнежи. Оваа циклона ќе ја обележи целата работна недела, со стабилизација на времето дури кон крајот на неделата.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top