Македонија

„Загрижувачки поморски визии“ на професорот Салиху: Бродот „С.Македонија“ е далеку од пристаништето, наречено ЕУ, и тој тоне!

„Народот не бил загрижен, поради тоа што бродот тоне“!?

„Бродот ‘С.Македонија’ е далеку од пристаништето, наречено Европска унија. Ова е добра вест за евроскептиците, но е полоша вест за оние, кои сакаат да ја видат земјата како дел од ЕУ. Тоа се случува, бидејќи земјата ја водат капетани, кои можат да го потонат бродот.“ – наведува д-р Салајдин Салиху, писател и професор во Катедрата за албанологија на државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Капетаните и потонувањето на бродот“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Салиху пишува: „О, Капетане! Мој Капетане“ е насловот на една од најпознатите песни на Волт Витман, напишана во 1865 година.Во неа бродот е државата, а капетанот е шефот на државата.

Нашите капетани се фалат со имагинарни победи, иако бродот не стигнал до пристаништето. Народот не е загрижен, поради тоа што бродот тоне. Да живее капетанот и по ѓаволите со бродот!

Бродот „С.Македонија“ е далеку од пристаништето наречено Европска унија. Европратениците го вклучија алармот, поради ширењето на „Српскиот свет“ и поддршката за геополитичките цели на Русија и Кина во земјата.

По Извештајот, челниците на државата речиси изјавија дека се откажале од европскиот пат. Ова е добра вест за евроскептиците, но е полоша вест за оние, кои сакаат да ја видат земјата како дел од ЕУ. Ова се случува, бидејќи земјата ја водат капетани, кои можат да го потонат бродот.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top