Македонија

Застапеноста на Албанците лани се зголемила за 0,6 отсто

Меѓу 2023 и 2024 година застапеноста на Албанците пораснала од 21,7 отсто на 22,3 отсто, според Народниот правобранител

Податоците од извештајот на Народниот правобранител покажуваат дека застапеноста на Албанците во текот на 2024 година се зголемила за 0,6 проценти во споредба со претходната година – од 21,7 на 22,3 отсто.

Убедливо најголема е застапеноста на Албанците во Министерството за односи меѓу заедниците, кадешто се над половина или 52,2 проценти, иако таму бројот е намален за 3,7 отсто.

Следуваат Државниот правобранител со 49,7 проценти (+4,4 отсто во однос на 2023 година), Народниот правобранител со 43,8% (-0,3%), Министерството за енергетика со 38,3%, Министерството за локална самоуправа со 38% (-6,4%), во Управниот суд со 36,8% (+5,5%), во Министерството за животна средина со 35,4% (+0,4%), во Министерството за образование со 31,1% (-7,9%) итн.

Најмалку Албанци има во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) – само еден меѓу 66 вработени или 1,5%, потоа во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ со 1,8% (+0,9%), во Клиниката за радиологија со 2% (+0,1%), на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со 2,3% (-0,1%), во Зоолошката градина Скопје со 2,4% (+0,3%) итн.

На последниот попис 24,3 отсто од 1.836.713 попишани лица што живеат во Македонија се изјасниле како Албанци.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top