Македонија

Зеленски посочи виновник, од Софија воздржани

Украинскиот претседате и бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов се огласија за драматичниот инцидент, изразувајќи спротивставени ставови за тоа кој стои зад нападот

Според „Украинска правда“,која го пренесува синиќечното обраќање на украинскиот претседатл, Зеленски тврдел дека украинската морнарица контактирала со бугарските колеги и дека е неоспорно утврдено дека станува збор за руски комбиниран напад со поморски и воздушни беспилотни летала. Тој нагласи дека силите на Киев не извршиле никакви операции во таа област на морето и ја обвини Москва дека намерно се обидува да го направи западниот дел од Црното Море целосно небезбеден за цивилна пловидба.

Два товарни брода погодени од дронови во бугарските води на Црното Море

Од друга страна, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави за bTV дека официјална Софија сè уште не може со сигурност да потврди чии беспилотни летала го извршиле нападот. Според него, не може да се каже со 100% сигурност дали леталата биле руски или украински сè додека не се пронајдат нивните останки или додека една од страните официјално не ја преземе одговорноста, иако бугарската страна верува дека во нападот биле користени и поморски беспилотни летала.

Стојанов нагласи дека овој инцидент дефинитивно не бил несреќен случај, туку целен напад, додавајќи дека Бугарија на тој начин станала дел од „хибридната војна меѓу Украина и Русија“. Тој посочи дека конфликтот се одвива во непосредното соседство на Бугарија и дека ваквите настани, за жал, повеќе не се изненадување во сегашните безбедносни околности.

Бугарскиот премиер Румен Радев го оцени инцидентот како грубо кршење на меѓународното право и правилата за поморски сообраќај, предупредувајќи на вонредниот состанок на безбедносните служби дека ширењето на конфликтот во сливот на Црното Море драматично го комплицира комерцијалниот превоз и ги зголемува трошоците за осигурување.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top