Македонија

Земјотрес ги стресе Битола и Ресен

Земјотресот бил со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала

Синоќа во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9, на длабочина од 6 километри.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од: Македонија

To top