На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце утринава е регистрирана зголемена фреквенција на возила за влез во државата, при што времето на чекање изнесува околу 30 минути.
Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Сообраќајот на патиштата
Сообраќајот на државната патна мрежа се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патните делници низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони. Меѓу ризичните делници се издвојуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Надлежните препорачуваат редовно информирање за состојбата на патиштата, особено во периодот на зголемена летна фреквенција на сообраќајот.