Македонија

Жестока критика за Али Ахмети од албанската дијаспора, Муслиу вели „нема компас во изјавите“ и „во борбата за власт го лиже тоа што ќе го исплука“!

Продолжува серијата прогнози меѓу Албанците дека му се наближува политичкиот крај на лидерот на ДУИ Али Ахмети: овојпат вакво навестување доаѓа од албанската дијаспора од Европа, од Скендер Муслиу од Евроатлантското лоби на Албанците. Ова е уште една потврда за фактот дека политичката кариера на Али Ахмети е во остра надолна линија не само во очите на неговите сонародници од Македонија и во Балканот полшироко, туку сега веќе и меѓу албанската дијаспора.

„ДУИ повеќе не е достојна да ги штити и да ги унапредува интересите и правата на Албанците, бидејќи во дваесетте години додека беше на власт не успеа да го стори тоа. Али Ахмети нема политички морал и во борбата за власт тој го лиже тоа што ќе го исплука, а ова го прават и Зијадин Села и Арбен Таравари! Али Ахмети го изгубил компасот во тоа што го зборува. Потврда за ова е неговата лага од пред неколку дена дека Мицковски еден ден ќе им го одземе јазикот и знамето на Албанците. Овие изјави се неодговорни и популистички, наменети за ширење лажна пропаганда во јавноста само за да добие неколку гласови.“ – вели во својата жестока колумна Скендер Муслиу од Евроатлантското лоби на Албанците – невладина организација на албанската дијаспора во Европа.

Во колумната со наслов „Дали се ова последните крици на Али Ахмети!?“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина, од Косово, покрај другото, Муслиу пишува: Уште од моментот на доаѓањето на власт, веќе над две децении и на локалните и на парламентарните избори ДУИ само ги обновуваше своите ветувања, но не ги реализираше. Немајќи аргументи, опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) на ДУИ и на Али Ахмети започна остра предизборна кампања, исполнета со нервоза, критика, навреди и оцрнување против Вреди, со цел да ја минимизира она. што навистина го правеше ДУИ во своето владеење.

Критиките меѓу политичарите се повеќе од нормални, особено за време на изборните кампањи, бидејќи тие меѓу себе се сметаат за политички противници. Најгласни во овие критики се Али Ахмети и неговите сателити Села, Таравари, Скендер Зејди, и не само тие. Сите овие ги земаат како своја цел политичарите на Вреди и премиерот Мицкоски. Откако дојде на чело на владата Мицкоски не прифати да направи коалиција со ДУИ. Ја одби соработката со Али Ахмети и коалицираше со Вреди. Ова е главната и единствена причина зошто Ахмети води лажна пропаганда против Вреди и Мицкоски, односно затоа што не е повеќе на власт. Можеби и поради тоа што му доаѓа времето на одговорност и да положи сметка.

И покрај критиките против Вреди од Националната алијанса за интеграција и од Али Ахмети, кој е активен како никогаш досега, Вреди за една година и половина колку што е на власт, покажа сериозност, работа и посветеност, без коруптивни афери. Сево ова им пречи на Националната алијанса за интеграција, бидејќи е многу голема разликата во владеењето меѓу ДУИ и Вреди: додека беше на власт ДУИ неговите функционери играа фудбал во канцелариите на министерствата, а од друга страна Вреди сега се занимава со сериозна работа во интерес на граѓаните.

Кога е во прашање власта не постои политички морал во коалицијата Национална алијанса за интеграција. Потврда за ова се непријателствата и нетрпеливоста, што ги имаше меѓу лидерите на НАИ. Додека беше лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села велеше за Али Ахмети дека „власта е негова главна цел“ и оти „не беше проблем за Ахмети да се здружи и со ѓаволот, само за да се одржи на власт“. Арбен Таравари зборуваше за Али Ахмети дека „има вистински здравствени проблеми„“ Арбен Таравари имаше кажано за Али Ахмети дека „има вистински здравствени проблеми“ и оти „ Таравари може да коалицира со ѓаволот, но не и со ДУИ“. Али Ахмети алудирајќи на Села и на Таравари во една телевизиска емисија изјави: „Јас не седам со уличари без чест!“

Но и покрај овие навреди, омаловажувања и меѓусебни оцрнувања, споменатите челници на Националната алијанса за интеграција се здружија без никаков срам, само за да дојдат на власт. Каква иронија! Оттука се поставува прашањето: дали НАИ е природна, стабилна и здрава коалиција, или е вештачка коалиција од уцена и сила?! Ова покажува дека и покрај јавната омраза и омаловажувања меѓу лидерите на НАИ, во неморалната борба за власт овие политичари го лижат, тоа што го плукаат!

Сега за да ги зајакне редовите на НАИ, Али Ахмети повикува на таканаречениот „албански сојуз“?! Каков „албански сојуз“ бара Али Ахмети со своите компромитирани политичари, кога се знае дека тие се без доверба, потонати во корупција и организиран криминал? Каков „албански сојуз“ бара Ахмети со своите функционери, кои се официјално на „црната листа“ на САД? Кој може друг да се приклучи на овој сојуз освен Села, Таравари, Скендер Зејди и другите, кои ги предадоа својата партија и членството? Села, Таравари, Скендер Зејди и другите како нив сега се претворија во празни вагони на локомотивата на јаглен на ДУИ!

Изненадувачка е изјавата на Али Ахмети дека Албин Курти треба да им се извини на Албанците, затоа што е на страната на премиерот Мицковски!? Каква иронија! Каква манипулација со јавното мислење! Курти не е на страната на Мицковски, туку поддржува промени, политичари кои владеат со чисти раце, кои ги држат своите ветувања, како што е Вреди, додека Али Ахмети треба да се срами од својата политичка кариера, која ја стави во служба на корупцијата и организираниот криминал кога беше на власт. Али Ахмети го изгубил компасот во тоа што го зборува. Потврда за ова е изјавата од пред неколку дена дека Мицковски еден ден ќе им го одземе јазикот и знамето на Албанците. Овие изјави се неодговорни и популистички, наменети за ширење лажна пропаганда во јавноста само за да добие неколку гласови.

Повикот на Ахмети за меѓуалбанско единство е неиздржан и изборна фарса, бидејќи слоганот на политичкото дејствување на ДУИ беше „раздели па владеј“, за да владее самата, слободно и без политичка конкуренција. Ова се случи со партијата БЕСА, која преку интриги ја подели на БЕСА и Алтернатива. Потоа преку уцени беше „киднапиран“ и Арбен Таравари. Ова продолжи со намамување на Скендер Реџепи- Зејд, на Аријанит Хоџа… Сите ови беа претворени во платеници и вазали, за да ја критикуваат на секој собир Вреди, иако со нив беа заедно до вчера.

Пред последните парламентарни избори Али Ахмети, кој толку многу го критикува Христијан Мицкоски, неколку пати му испраќаше на Мицкоски гласници со понуда за коалиција, дури и без услови, откажувајќи се од тоа да не биде Албанец на позицијата претседател на парламентот, само за да може да остане ДУИ на власт. Но, Мицковски ги остави ДУИ и нејзината коалиција Национална алијанса за интеграција во опозиција, изолирајќи ја од власта, што ја злоупотребуваше две децении. Затоа, ДУИ повеќе не е достојна да ги штити и да ги унапредува интересите и правата на Албанците, бидејќи низ децениите не успеа во тоа. Само користеше популистички и националистички јазик и со своите погрешни политики ја растури перспективата на младите, што предизвика масовно раселување на Албанците. – заклучува Скендер Муслиу од организацијата на албанската дијаспора Евроатлантско лоби на Албанците.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Најнови вести

To top