Регион

Борисов: Кога Бугарија е обединета, може да го брани националниот интерес

Поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата олитичка партија во Бугарија, не го крие свето задоволство по одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли македонскиот идентитет и јазик од извештајот за напредокот на Македонија,

 

„Повторно им подавам рака на нашите пријатели во С*Македонија – да продолжиме заедно напред, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое лице и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер.

Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по повод одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли сите текстови поврзани со македонскиот идентитет и јазик од извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од Томас Вајц, објави БГНЕС.

„Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета – кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно – можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа! Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство – Европската народна партија!“, рече Борисов.

„Во последните недели одржав голем број разговори со европски лидери и претставници на водечки политички семејства во ЕУ. Јасно ставив до знаење дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку треба да служат на вистината и добрососедството. Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат.

Повторно им подавам рака на нашите пријатели во С*Македонија – да продолжиме заедно напред, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое лице и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер“, додаде тој.

Најнови вести од: Регион

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

To top