Регион

Мисајловски на значајна средба во Брдо кај Крањ

Според Министерството за одбрана, на состаноците во фокус ќе бидат безбедносната состојба во Европа и можностите за унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска и утре престојува во Словенија, каде во Брдо кај Крањ ќе учествува на годишниот состанок на министрите за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка (CEDC) со земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Мисајловски ќе учествува и на состанокот на неформалната регионална иницијатива за одбранбена соработка во формат Грац/Кремс, заедно со земјите од Западен Балкан.

Според Министерството за одбрана, на состаноците во фокус ќе бидат безбедносната состојба во Европа и можностите за унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства.

Ќе се разговара и за воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заедничките обуки, како и за развојот на одбранбените капацитети и способности.

На средбите ќе стане збор и за идните активности насочени кон зајакнување на улогата на земјите од Западен Балкан во евроатлантската безбедносна архитектура.

За утре е предвиден и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили.

 

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top