Регион

Грците даваат земја, куќа и 500 евра секој месец за преселба на остров

Грчкиот остров Антикитера, еден од најизолираните и најтивки во Егејското Море, нуди речиси неверојатни услови за новите жители: секое семејство кое ќе се пресели добива месечна поддршка од 500 евра во наредните три години, бесплатна куќа и земјиште.

Грчкиот остров Антикитера, еден од најизолираните и најтивки во Егејското Море, нуди речиси неверојатни услови за новите жители: секое семејство кое ќе се пресели добива месечна поддршка од 500 евра во наредните три години, бесплатна куќа и земјиште.

Целта е да се спаси локалната заедница која брои едвај педесетина жители и да се зачуваат последните преостанати услуги – единственото кафуле што истовремено е продавница, пошта и мал хотел.

Со диви плажи, стрмни брегови и без масовен туризам, Антикитера бара луѓе подготвени за автентичен, бавен и мирен живот во мала заедница каде сите се познаваат. Островот е достапен само со ферибот неколку пати неделно од Крит или Пелопонез.

Антикитера не е осамен случај. Слични програми за „релакација со субвенции“ стануваат сè попопуларни низ Европа:Италија нуди куќи за 1 евро (Самбука, Сардинија, Тоскана) и парични стимулации во Пуља и Калабрија, Шпанија и Каталонија даваат директна финансиска помош за млади семејства во рурални депопулирани области, Португалија, Ирска и Хрватска имаат свои програми за привлекување жители во оддалечени села и острови.

Целта е иста: да се вдише нов живот во местата кои полека исчезнуваат.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top