Регион

Косово во политички ќорсокак: Парламентот не избра влада – предвремени избори неизбежни

Косовскиот парламент не успеа да избере нова влада, со што по осуммесечната политичка криза дефинитивно се отвора патот за предвремени парламентарни избори. Кандидатот за премиер, Глаук Коњуфца од владејачката Левица (Самоопределување), доби само 56 гласови „за“ во 120-члениот собраниски состав и не го обезбеди потребното мнозинство.

Косовскиот парламент не успеа да избере нова влада, со што по осуммесечната политичка криза дефинитивно се отвора патот за предвремени парламентарни избори. Кандидатот за премиер, Глаук Коњуфца од владејачката Левица (Самоопределување), доби само 56 гласови „за“ во 120-члениот собраниски состав и не го обезбеди потребното мнозинство.

Овој неуспех претставува тежок удар за партијата на досегашниот премиер Албин Курти, која иако победи на изборите во февруари оваа година, не успеа да формира стабилна коалиција. Од тогаш политичката сцена во Приштина тонеше во ќорсокак, а земјата остана без функционална извршна власт.

Согласно Уставот, претседателката Вјоса Османи сега има обврска во рок од 10 дена да го распушти парламентот и да распише нови избори. Ова е првпат во 17-годишната историја на независно Косово да не се формира влада по редовни избори.

Продолжената криза веќе предизвика сериозни последици: Косово влегува во 2025 година без усвоен државен буџет, а односите со клучните меѓународни партнери – САД и ЕУ – се значително влошени поради, како што велат критичарите, недостигот на дијалог и тврдите ставови на Курти.

Глаук Коњуфца, предложен како компромисна фигура наместо контроверзниот Курти, пред гласањето упати драматичен апел до пратениците.

„Ако одржиме избори во декември, кој гарантира дека нема да имаме уште едни во март“, рече тој.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top