Регион

 Курти „извиси“ за уште еден премиерски мандат

Лидерот на Самоопределување, во два наврати беше премиер на Косово

 

 

Со 56 гласа „за“ и 52 гласа „против“, со 4 воздржани, Собранието не гласаше за владата „Курти 3“.

На Курти му беа потребни 61 глас за да ја формира новата влада, бројка што ја нема.

Откако новата влада беше отфрлена од Собранието, следниот чекор сега паѓа на претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Таа, во консултација со партиите, треба да назначи нов мандатар кој може да обезбеди мнозинство, а кој ќе има 15 дена да се обиде да го стори тоа.

Доколку тој обид не успее, Косово ќе одржи нови парламентарни избори.

За време на својот говор во Собранието, Курти ги повика пратениците да гласаат за новата влада и предупреди дека предупреди дека, доколку владата не се изгласа, Косово ќе остане без буџет, а со тоа и без државни грантови и развој.

„Ние сме најдемократската земја во регионот. Секогаш ќе бидам подготвен, како и во овие четири години, за дискусии до крај“, рече Курти.

 

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top