Регион

Обезбедувањето на бугарската претседателка на собранието брутално нокаутираше новинарка (ВИДЕО)

Соња Колтуклиева добила фрактура на рамото при обид да постави прашање

Screenshot

Бугарската новинарка Соња Колтуклиева заврши во болница по инцидент со припадник на Националната служба за обезбедување (НСО) на претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова. Случајот се случи во Софија и предизвика остри реакции во јавноста и политичките кругови, а надлежните институции најавија проверка на постапувањето на службеникот.

Колтуклиева се обидела да ѝ постави прашање на претседателката на парламентот додека таа се качувала во службен автомобил пред централата на партијата „Прогресивна Бугарија“. На видеоснимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како новинарката ја отвора вратата на автомобилот, по што припадник на обезбедувањето физички ја турка. Колтуклиева паѓа на тротоарот.

Според информациите од бугарските медиуми, по инцидентот таа била пренесена во Военомедицинската академија, каде што ѝ била утврдена фрактура на рамото. По прегледите била ослободена за домашно лекување. Самата новинарка изјави дека е благодарна што останала жива и дека постапката била брутална.

Националната служба за обезбедување наредила итна проверка за да се утврдат околностите под кои се случил инцидентот и дали службеникот постапил во согласност со своите овластувања. За случајот е известено и надлежното Воено обвинителство. Во текот на ноќта е образувано досудебно производство, а припадникот на обезбедувањето е задржан.

Претседателката на Народното собрание Михаела Доцова изрази жалење за слученото, нагласувајќи дека е апсолутно недопустливо. Таа лично се сретнала со Колтуклиева и изјавила дека се стресирала кога новинарката ја отворила вратата на автомобилот. Колтуклиева, пак, посочи дека не ги прифаќа извинувањата како доволни.

Инцидентот отвори прашања за границите на постапувањето на службеното обезбедување кон новинарите, особено при обиди за поставување прашања на високи државни функционери. Во бугарската јавност се појавија и барања за политичка одговорност.

Најнови вести од: Регион

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top