Регион

„Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија“, Вучиќ бесен на Европските зелени

Вучиќ коментирајќи ги собирите на граѓаните, тој рече дека низ цела Србија, помалку од 10.000 луѓе излегле да протестираат против владата, а дека во Нови Сад имало повеќе од 7.000.

„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вечерва за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија. И ништо повеќе, ни помалку“, рече Вучиќ.

Коментирајќи ги собирите на граѓаните, тој рече дека низ цела Србија, помалку од 10.000 луѓе излегле да протестираат против владата, а дека во Нови Сад имало повеќе од 7.000.

  • „9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства и стапови и камења 12 минути. И дури тогаш полицијата реагираше. Дури тогаш. Во Нови Сад, во присуство на претставници на Европскиот парламент, некои се обидоа да ја загрозат стабилноста и безбедноста на Србија со фантомки на главите, шлемови сакаа по секоја цена да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет во Нови Сад, а не успеаја“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека српската полиција си ја завршила работата строго професионално, и дека 11 припадници на полицијата биле повредени.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top