Регион

Радев по ескалацијата на протестите во Бугарија: Единствениот излез се оставка и предвремени избори

Од ПП–ДБ тврдат дека насилството било предизвикано од организирани провокатори

Протестот во Софија против буџетот за 2026 година ескалира уште пред официјалниот почеток во 18 часот, кога илјадници демонстранти почнаа да се собираат на Плоштадот на независноста,  Околу 22 часот протестот се претвори во поворка која се упати кон седиштето на ДПС, каде што тензиите нагло се зголемија. Од ПП–ДБ тврдат дека насилството било предизвикано од организирани провокатори.

Во округот Обориште демонстранти провалија канцеларија на партијата ГЕРБ. Паралелно, низ центарот беа запалени канти за ѓубре, искорнати улични столбови, скршени ламби, знаци и оштетени трамваи. Полицијата се обидуваше да ја раздели толпата, додека кон униформирaните службеници беа фрлани тешки предмети.

https://www.facebook.com/reel/3766096280359065

Во судирите беа повредени и новинари од јавната телевизија. Пратеничката од ПП–ДБ, Елисавета Белобрадова, изјави дека „околу 25 момчиња со качулки вршат вандализирање и полицијата може да ги запре ако сака“, додавајќи дека пожарите не биле навремено адресирани од службите.

Во јавна реакција, претседателот Румен Радев порача дека насилството е „провокација од страна на мафијата со цел судир меѓу полицијата и демонстрантите“, нагласувајќи дека „единствениот излез се оставка и предвремени избори“.

Протести се одржаа и во други градови во Бугарија, како и во странство.

Протестите се одржуваат поради незадоволството од предложениот државен буџет за 2026 година, кој предвидува зголемување на социјалните придонеси и повисоко оданочување на дивидендите. Според критичарите, овие мерки би ги погодиле и работниците и бизнис-секторот и би ја намалиле довербата во економијата.

 

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top