Регион

Румен Радев му го презема „првото место“ на Бојко Борисов

Анкета во Бугарија покажува дека коалицијата околу екс-претседателот Румен Радев ќе победи на предвремените избри во април, но ќе нема убедливо водство

 

Доколку изборите се одржат сега, коалицијата околу Румен Радев би добила 25,6 отсто од гласовите на оние кои одговориле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ на Бојко Борисов, со 15,4 проценти, а на трето место е коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ со 12,5 отсто.

Анкетата ја спроведе агенцијата „Маркет линкс“, а резултатите се презентирани денеска.

Довербата во Румен Радев по напуштањето на претседателската функција се зголеми  за 7 отсто.

Анкетата е спроведена на 1.019 лица над 18 години во периодот од 7 до 13 февруари 2026 година.

Поддршката за членство во ЕУ и во НАТО останува доминантна, но се забележува и зголемување на ставовите кон напуштањето на овие сојузи, особено на ЕУ.

Радев најави дека најдоцна до 4 март, тој и неговиот тим ќе поднесат коалиција за регистрација до Централната изборна комисија. Тој објасни дека нема време за создавање партија за учество на претстојните избори.

„ Ќе учествуваме на овие избори како коалиција со други партии кои имаат редовна регистрација“ – најави Радев.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top