Регион

Сакаа да му ја запалат канцеларијата на Еди Рама (ВИДЕО)

Политичките тензии во Албанија се зголемија во последните недели откако беа покренати обвиненија против вицепремиерката Белинда Балуку

Демонстрантите во Тирана вчера фрлаа молотови коктели врз зградата на владата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, барајќи оставка од владата откако обвинителите подигнаа обвинение против вицепремиерката за наводни обвиненија за корупција.

Политичките тензии во Албанија се зголемија во последните недели откако беа покренати обвиненија против вицепремиерката Белинда Балуку.

Таа, заедно со неколку функционери и приватни компании, се обвинети за злоупотреба на државни средства за фаворизирање на одредени фирми во големи инфраструктурни проекти. Таа ги нарече обвиненијата „клевета, инсинуации, полувистини и лаги“ во парламентот минатиот месец и рече дека целосно ќе соработува со судските органи.

Специјалното обвинителство, одговорно за борба против корупцијата и организираниот криминал, оваа недела побара од парламентот да го укине имунитетот на Белинда Балуку и да дозволи нејзино апсење.

Не е познато кога парламентот, во кој доминира владејачката партија на премиерот Рама, ќе гласа за барањето.

Додека демонстрантите фрлаа молотови коктели во понеделник, специјалната полицијата ја обезбедуваше зградата на владата, но не интервенираше против толпата.

„Доста ни е, бидејќи се украдени десетици и стотици милиони евра, а таа не поднесува оставка. Ова е срамно“, рече демонстрантот Арбен Суло, пренесува Ројтерс.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top